Индустриските производители бараат владата во Италија да дозволи отпуштање на работници

Италијанските власти како една од мерките за опоравување на економијата во земјата по пандемијата од Ковид – 19 и економската криза забранија затворање на работни места, а ваквата владина одлука се уште е во сила.

Италијанските власти како една од мерките за опоравување на економијата во земјата по пандемијата од Ковид – 19 и економската криза забранија затворање на работни места, а ваквата владина одлука се уште е во сила.

Меѓутоа, претседателот на индустријалците, Бономи, верува дека оваа мерка, што подолго остане во сила, толку поголема ќе биде штетата што ќе ја предизвика како за економијата така и за претпријатијата.

– Неопходна е брза реакција, немаме време за долгорочни студии, истакнува Бономи.

Тој додава и дека владате се уште премногу се двоуми, иако Италија се уште не влегла во „Фаза 2“, односно фазата на опоравување по пандемијата, и дека е неопходно да се забрзаат реформите кои ќе овозможат 209 милијарди помош што Италија треба да ги добие од ЕУ да се вложат на најдобар можен начин.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот