Илон Маск купи билет за лет во вселената од својот ривал, милијардерот Ричард Бренсон

epa-efe
epa-efe

Сопственикот на „Тесла“, Илон Маск купил билет за патување во вселената со вселенското летало на неговиот ривал, британскиот милијардер Ричард Бренсон, тврди „Сандеј тајмс“, пренесува ДПА.

Додека Бренсон се подготвува за првиот лет на компанијата „Вирџин галактик“ со полн екипаж од Нов Мексико, „Сандеј тајмс“ пишува дека Маск, сопственик на ривалската истражувачка компанија „Спејс Икс“, си обезбедил место на едно од патувањата на компанијата на Бренсон.

Маск платил депозит од 10.000 долари за да го обезбеди местото, а датумот на патувањето не е наведен.

Бренсон ја потврди таа информација во интервјуто за „Сандеј тајмс“, додавајќи дека би можел да возврати со купување билет на патувањето со „Спејс Икс“.

„Илон ми е пријател и можеби еден ден ќе отпатувам со еден од неговите вселенски бродови“, рекол тој.

Во склоп на вселенската трка на милијардерите, „Спејс Икс“ лансира десетици ракети, вклучително и летови со човечки екипаж, но самиот Маск сè уште нема да лета на ниедна од нив.

Бренсон ќе стане првиот сопственик-астронаут кој ќе учествува во мисијата, победувајќи го основачот на „Амазон“, Џеф Безос, кој за девет дена планира да патува во вселената со ракета на својата компанија „Блу ориџин“.

Туристите ќе платат околу 250.000 долари за лет во вселената со „Вирџин галактик“, што вклучува четири минути во бестежинска состојба.

Околу 600 луѓе веќе купиле билет за пат во вселената за 2022 година, а цената се движи од 200.000 до 250.000 долари.

BRENSON DANAS LETI U SVEMIR Plan puta do detalja razrađen

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот