И утре бесплатен паркинг на паркинзите на ПОЦ

ПОЦ табла/ Фото: МИА

Паркирањето во Општина Центар за време на велигденските празници е бесплатно за сите граѓани. Во петокот, денес и утре (понеделник) граѓаните можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Од ЈП Паркинзи на Општина Центар соопштија дека согласно програмата за неработни денови за годинава на Министерството за труд и социјална политика, 23 април (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ работеа со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 26 април (вторник) со вообичаено работно време, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот