И најмалиот детаљ од овој стајлинг е без грешка – Меланија Трамп демонстрираше модна магија за сите љубители на црната боја (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Првата дама на Америка, Меланија Трамп позната е како некој кој многу внимателно и без грешка го избира својот стајлинг за важните прилики.

Последниот повод за нејзиното појавување беше свеченото одбележување на 19-годишнината од рушењето на авионот на летот 93 во Шенксвил, во Пенсилванија.

Фото: Профимедиа

Многу пригодно, Меланија се облече целосно во црно, а веќе ни е познато дека тоа е рецепт за модно појавување без мана! Имено, таа облече мал црн фустан, а го искомбинира со црн мантил, додека половината ја истакна со ремен кој исто така беше во црна боја.

Фото: Профимедиа

Освен тоа, таа целиот стајлинг го надополни со црни салонки, а имаше и мала дискретна шминка и носеше црни очила за сонце.

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот