Фото: илустрација / Brent Hofacker / Alamy / Profimedia

Хрватите забранија мешана салата увезена од Македонија, била „зачинета“ со пестицид

Хрватскиот државен инпекторат ја повлекува од пазарот мешаната салата „Бенита“ со потекло Македонија, која ја продава „Кауфланд Хрватска“, поради високо ниво на пестицидот хлорпирифос, соопштија надлежните служби во државата.

Како што е наведено во соопштението за медиумите објавено денеска, известувањето се однесува исклучиво на производот со следните информации: Мешана салата 670g/360g, GTIN 3858893130246, ЛОТ 1662025, најдобро да се употреби до 10 ноември 2027 година.

Производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) за максимални нивоа на остатоци од пестициди во храната и добиточната храна од растително и животинско потекло и за измена на Директивата на Советот 91/414/ЕЕЗ, велат хрватските служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот