„Хомофобиол“ издржа едно деноноќие во Битола: Нацистички симбол осамна на билбордот (ФОТО)

На 3 февруари во Битола, на три билборди одекна реклама за фиктивен лек „Хомофобиол“, кој според непознатиот/те автор/и на делото ја лечи и најтврдокорната хомофобија и трансфобија.

Ова е прва герила уметничка акција која алармира на хомофобијата што владее во општеството.

ЛГБТИ Центарот за поддршка ја поздравува оваа акција, која претставува уметнички одговор на доминантно дискриминаторските ставови кон луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет, кои се секојдневно изложени на вербално и физичко насилство, како и на нееднаков третман во општеството.

Сепак, за помалку од 48 часа по поставувањето на фиктивниот лек, еден од билбордите во централното подрачје на градот е веќе вандализиран, односно на истиот осамна кукаст крст.

И другите два билборди се вандализирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот