Грција се претвори во транзитна станица и место за расчистување на сметките на балканските криминалци

Грција, полиција / Фото: Профимедиа

Двојното убиство на водачите на шкаљарскиот клан Дедовиќ и Стаматовиќ се поврзува со апсење на двајца Хрвати и еден Србин на 6 јануари во близина на Атина.

Грчката Служба за безбедност истражува можна поврзаност на убиствата на двајцата меѓународно гонети Црногорци во неделата во селото Вари, во близина на Атина, со претходни апсења, пренесува „Б92“.

Како што се наведува, станува збор за апсењето на двајца државјани на Хрватска и еден државјанин на Србија, кое се случило во раните утрински часови на 6 јануари во атинската населба Глифади, пишува денес „Катимерини“.

Според зборовите на надлежниот офицер на грчката полиција, чие име не се наведува, во четири часот наутро на 6 јануари три лица се уапсени по судир со гостите и персоналот во еден ноќен клуб.

Еден имал оружје со избришан сериски број. Според полициски извори, сите тројца се Срби, а во Грција влегле со лажни документи и престојувале во куќи кои биле изнајмени за еден ден преку апликацијата „Airbnb“.

Нивното апсење на почетокот се сметало за случај од низок интерес за истрагата, но во последните 24 ласа повторно се разгледува, бидејќи постојат сомненија дека е поврзано со завчерашното крваво двојно убиство.

Двојно убиство на 43-годишните Црногорци Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ се случи во околу 18.30 часот во неделата, во популарен ресторан во влашкото село Вари.

Четворица сторители влегле во кафаната, а двајца од нив пристапиле до масата на која седеле двајцата барани Црногорци со своите сопруги и деца, ги застрелале од непосредна близина и побегнале.

Службениците од Секторот за криминалистички истраги од местото на настанот собрале 22 чаури од куршуми со калибар од 9 милиметри. Жртвите се убиени со прострелни рани во главите, што укажува дека тоа било нарачана ликвидација која ја извршиле платени убијци, пишува грчкиот весник.

Убиството се случило и пред децата на двајцата убиени – деветгодишно момче и шестгодишно девојче. Еден од куршумите повредил и една од сопругите на Црногорците.

Во овој ресторан има сигурносни камери, а според некои извори тие не биле вклучени на денот на убиството, пишува „Катимерини“.

Очевидците велат дека извршителите на убиството со теренско возило со темна боја побегнале по булеварот кој води кон блискиот автопат кон северот и југот на Грција, и кон блискиот атински меѓународен аеродром.

Од персоналот во ресторанот посочија дека двајцата убиени во последните неколку години биле чести гости и правеле големи сметки во локалот. До локацијата вечерта кога се убиени пристигнале со такси, а не со сопствен автомобил.

Сопругите на двајцата убиени на крајот од декември пристигнале во Атина со децата, за заедно да ги поминат новогодишните и божиќните празници. По убиствата тие избегнале да кажат каде престојувале, тврдејќи пред полицијата дека „не ја помнат локацијата“.

Се проценува дека убијците успеале да ги најдат Стаматовиќ и Дедовиќ со следење на движењето на нивните сопруги.

Се до убиството, двајцата Црногорци не биле во истражната евиденција на Службата за безбедност на Грција. Меѓутоа, по двојно убиство воспоставено е отворена линија за контакт со црногорската и српската полиција, во обид да се соберат информации за двајцата ликвидирани.

Според изворот од Командата на грчката полиција, против Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ постојат меѓународни потерници од Интерпол во Црна Гора. Налогот за апсење на Дедовиќ се однесува на кривични дела за формирање на криминални организации, обиди за убиства и кршење на законите за оружје и екплозиц. Потерницата за другиот убиен била поврзана со кривичното дело управување со криминална организација и обид за убиство.

Грчкиот весник пренесува дека извештаите на медиумите во Србија ги поврзуваат убиените Црногорци со криминалната организација шкаљарци, со седиште во Котор, активни во увоз на кокаин од Латинска Америка во Европа.

Убиството на Стаматовиќ и Дедовиќ, како што пишува „Катимерини“, се „препишува на војна со конкурентската криминална група кавачки клан, исто така од Котор. Овие две фракции првобитно биле една криминална група која се распаднала по „исчезнување“ на 200 килограми кокаин во Валенсија, Шпанија во 2014 година, кога започнала „граѓанската војна“ меѓу нив, со повеќе од 20 мртви.

На врвот на хиреархијата на групата од Шкаљари во Котор пред неколку години бил еден „стар познаник на грчките власти“ – Игор Вукотиќ, во грчките медиуми познат како „Иван“. Тој на крајот на 2017 година беше во центарот на истрага на Управата за сузбивање на дрога поради трговија со значајни количества на кокаин.

„Катимерини“ наведува дека во декември 2017 година грчката полиција направила претрес во стан во богатото приморско село Варкизи, во близина на Вари, и притоа запленила 136 килограми кокаин и уапсила 35-годишен Србин, извесен Мартин.

Неговиот соучесник, познат по прекарот „Иван“ кој го изнајмувал тој стан, успеал да го избегне апсењето. Се претставувал како „бизнисмен од Швајцарија“, возел „порше“, и често бил во скапите ресторани во јужните крабрежни предградија на Атина. Грчките власти распишале меѓународна потерница по него.

Во септември 2018 година „Иван“, кој е наречен и „Балканскиот Ескобар“ – всушност Игор Вукотиќ, уапсен е во Анталија, Турција, по таа претходно спомената грчка потерница, но денес, како што пишуваат од „Катимерини“, „турските власти не го изрекле во Грција, како што се очекувало, туку директно во Србија, каде и денес е во затвор“.

Од „Катимерини“ наведуваат дека тоа е само еден од низата на случаи кои покажува дека Грција е „транзитна станица“ за трговија со дрога ширум светот и „место за расчистување на сметките на странските мафијаши“.

По големата полициска акција: Најголемите балкански мафијаши имале фалсификувани хрватски пасоши

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот