Грците згрозени од бруталната ликвидација: „Увезените криминалци ја претворија Атина во Бејрут“

Според читателите на локалните грчки медиуми, нивната земја по бруталната ликвидација на Стеван Стаматовиќ (43) и Игор Дедовиќ (43) станала локација на која се кријат најбруталните криминалци.

По убиството на двајцата лидери на шкаљарскиот клан во Атина, во сред ресторан и пред многу сведоци, грчките медиуми интензивно се бават со прашањето на „увезените“ криминалци.

Како што пренесуваат белградските портали, оцената на атинските медиуми би изгледава вака: Далеку од дометот на српските, црногорските, албанските и другите полицајци во матичните земји, на топлиот медитеран упориште бараат мафијаши обвинети за најбрутални дела. Но, поради тоа што малата бара е полна со крокодили – следат и кривавите пресметки.

Според читателите на локалните грчки медиуми, нивната земја по бруталната ликвидација на Стеван Стаматовиќ (43) и Игор Дедовиќ (43) станала локација на која се кријат најбруталните криминалци.

– Ова подрачје е игралиште на руските, српските и арапските криминалци. Во последните пет, шест години има сѐ  повеќе пресметки. Ако не ги депортираат што порано, јужните предградија ќе се претворат во Бејрут – коментира еден од читателите.

Друг читател смета дека „Грција е полна со странци кои оценуваат дека земјата е одлична за криминал, паушални бенефиции, илегална миграција. Во исто време, Грците заминуваат од земјата поради ваквото дивеење, неправедно оданочување, бедни плати и пензии“.

– Сите најлоши луѓе од планетата Земја се собрани тука и никој ништо не прави – гласи уште еден од бројните негативни коментари за овој крвав настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот