Надлежните трагаат по високо обучените професионалци кои ги ликвидираа шкаљарците во Атина

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Грчките медиуми пренесоа дека сведоците на егзекуцијата ги опишале напаѓачите како мажи на дваесетина години, но меѓу нив имало и еден што бил на околу 45-годишна возраст.

Најмалку четири лица учествувале во бруталното убиство на Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ во Атина, забележано е на снимките од сигурносните камери од околните локали и згради. Двајца од нив вчеравечер ладнокрвно влегоа во ресторанот каде Стаматовиќ и Дедовиќ вечерале, и кон истакнатите членови на шкаљарскиот клан од Црна Гора истрелале „дожд“ од куршми.

– Убијците биле професионалци, а тоа го покажува начинот на кој раководеле со оружјето. Своите жртви ги нишанеле мирно. Истрелале околу 20 куршуми за да убијат две лица, што укажува на нивната решителност жртвите да не преживеат. Им пукале во главите, а во ресторанот влегле мирно, такашто во прв момент сите помислиле дека станува збор за обични гости – вели извор од грчката полиција, еден ден по бруталната егзекуција во ресторан во Атина.

Грчките медиуми пренесоа дека сведоците на егзекуцијата ги опишале напаѓачите како мажи на дваесетина години, но меѓу нив имало и еден што бил на околу 45-годишна возраст.

Дождот од куршуми не ја поштедил ниту сопругата на Стеван Стаматовиќ, па таа со повреда на ногата е префрлена во истата болница во која е прогласена смртта на шкаљарците.

– Според неофицијални информации, во болницата се наоѓа и дете кое присуствувало на убиствата и на ранувањето. Тоа е под надзор за психијатриски психолог поради големиот шок што го доживеало – пишуваат грчките медиуми.

Јавноста во Грција и понатаму е шокирана со бруталната егзекуција на криминалците, која траела само 30 секунди. Нивната молскавична акција е забележана од надзорните камери, но поради тоа што биле добро маскирани, грчките медиуми се скептични и се сомневаат дека тие ќе бидат од голема помош.

Меѓутоа, јасно е дека станува збор за професионалци, а се зборува и дека со својот брз упад сакале да ги изненадат жртвите. Веднаш по убиството побегнале со џип по кој сега трага грчката полиција. На местото на настанот се пронајдени и чаури од 9-милиметарско оружје, и тоа од два различни пиштоли.

За потсетување, за Игор Дедовиќ (43), кој со браќата Вукотиќ е означен како лидер на шкаљарскиот клан, беше распишана потерница поради обид за двојно убиство на Војин Ступар и Милош Радоњиќ кои беа блиски со кавачкиот клан, на крајот на март 2016 година во Котор. За тоа дело Црна Гора од Србија бара да го испорача Јовица Вукотиќ, додека Милиќ Миња Шаковиќ е апсен и беше во притвор, а потоа пуштен е на слобода.

Стеван Стаматовиќ ја предводеше еден огранок на шкаљарскиот клан во Подгорица, а јавноста на балканот го запозна по убиството на Александар Станковиќ познат како Сале Мутави во октомври 2016 година. Стаматовиќ тогаш го негираше убиството за црногорските медиуми.

Исто така, Стаматовиќ се поврзуваше и со оружје кое беше пронајдено во Јајинци, во близина на куќата на тогашниот премиер, а сегашен претседател Александар Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот