Грција: Да запре испораката на вакцини во ЕУ земјите, сè додека не се најде решение за вишокот

Вакцинирање/ Фото EPA-EFE/WALLACE WOON

На проблемот со кој се соочуваат земјите членки на ЕУ со вишокот вакцини против Ковид-19, кои не можат да се искористат и се уништуваат, како прашање за кое потребно е да се најде решение, се осврнал министерот за здравство на Грција Танос Плеврис за време на состанокот на со неговите колеги од Унијата.

Плеврис ги поздравил дискусиите со компаниите за нарачките и решавање на конкретното прашање и рекол дека земјите членки на Европската Унија треба да бидат подготвени да ги разгледаат сите соодветни решенија, како што е временското поместување на нарачките придружено со драстично намалување на количините, па дури и откажување на некои од нив.

Паралелно истакнал дека до постигнување конечен договор со надлежната Комисија, испораките на вакцините треба да се стопираат барем за почетокот на следната година.

Во однос на донирањето вакцини за трети земји, Плеврис ја повикал Комисијата да продолжи со дискусиите со Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ), но и со соседните земји на ЕУ, со цел да се апсорбираат што е можно повеќе од вишокот на ЕУ, и истакнал дека Грција ќе продолжи да донира вакцини во трети земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот