Големи владини бенефиции за ИТ компаниите од странство во Македонија

Се повеќе дел од старт-ап заедницата во Македонија се свртува кон продуцирање на продукти кои имаат есенцијално значење за македонската економија и се made in Macedonia. Тоа е важната компонента, бидејќи колку што имаш повеќе сопствено авторство, толку повеќе си конкурентен на пазарот.

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слбодна ТВ“ беше Илијанчо Гаговски, еден од првите луѓе на Мајкрософт во Македонија. Во неговата фирма направен е софтвер кој треба да биде елементарна алатка за реализација на целиот багаж од човечки ресурси.

-Важноста на производство на софтвери каде што нашите фирми се сопственици на интелектуалната сопственост. За таков бизнис модел се одлучивме од старт, каде што правиме наш производ во кој ние сме сопственици на правото на интелектуална сопственост- изјави Гаговски.

FledgeHR е софтвер за менаџирање со човечки ресурси, базиран на cloud технологија. Со користење на FledgeHR компаниите добиваат интегрирана платформа за повеќе различни функции од областа на менаџирање со човечки ресурси.

-Идејата беше, да се понуди интегрирана софтверска платформа која секој корисник ќе ја користи во обемот во кој во тој момент ги има изградено своите функции, а која ќе биде подготвена да одговори на неговите растечки барања како што фирмата се развива. Притоа, корисникот не треба да инвестира во дополнителна инфраструктура, затоа што за користење на софтверот му е потребен само интернет пребарувач – на било кој уред – се друго е хостирано во „облакот“, во случајов Microsoft Azure- изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Илијанчо Гаговски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот