Ѓоковиќ наредната сезона ќе брка само грен слем трофеи!

фото: инстаграм

Словакот Вајда вели дека и резултатите на српскиот ас ќе беа уште подобри доколку не беше коронавирусот.

Марјан Вајда, тренерот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, во интервју за словачките медиуми истакна дека Ноле во наредната 2021 година ќе брка само титули на грен слем турнирите.

Словачкиот стручњак е еден од најзаслужните за големите успеси на Ѓоковиќ:

– Новак го доби она што го посакуваше во 2020 година, затоа што по шести пат ја исполни целта да биде број еден во АТП рејтингот. Тоа е фантастичен резултат, но во 2021 година, неговата цел е да нападне што повеќе грен слем титули и да им се доближи на рекордерите Рожер Федерер и Рафаел Надал, кои имаат по 20 најголеми пехари – изјави Вајда за aktuality.sk.

Словакот Вајда вели дека и резултатите на српскиот ас ќе беа уште подобри доколку не беше коронавирусот.

Морам високо да ги оценам неговите резултати дури и по паузата на сезоната, бидејќи не заборавајте, тој се опорави од коронавирусот. Го освои Мастерсот во Синсинати одигран во Њујорк, а ќе стигнеше и далеку на „УС Опен“ доколку не беше таа несреќна дисквалификација.

Австралија Опен најверојатно ќе се одложи

Кога на крајот на сезоната го обезбеди првото место во Виена, тој жар исчезна и затоа го загуби тај-брејкот од Доминик Тим на завршниот турнир. На крајот, Русинот Данил Медведев симболично славеше во Лондон, бидејќи првиот завршен турнир во Лондон му припадна на Русинот, Николај Давиденко – додаде Вајда.

Словачкиот тренер единствено е загрижен за календарот и дека се надева дека ќе има подготвителни турнири пред „Австралија опен“. Ѓоковиќ има 17 грен слем титули и ја брани титулата во Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот