Го запросил своето момче, а тој наместо да му каже „Да“, му приреди уште поголемо изненадување (ВИДЕО)

принтскрин/твитер

Видеото од овие две момчиња буквално завладеа на социјалните мрежи

Две момчиња се бакнуваат пред голема вртелешка, додека трето лице ги снима. Во еден момент едниот клекнува, вади прстен од џебот и го запросува вториот, не очекувајќи го она што во следниот момент ќе се случи.

Наместо да каже „ДА“, другото момче и среќно и изненадено, го завртува грбот, слегува по скалилата, ја отвара својата торба и од неа вади веренички прстен.

Одеднаш се се претвори во двојно запросување, а според изгледот и емоциите на овие момчиња, тоа не беше планирано.

Видеото најверојатно е снимено во Бразил, а колку е старо, не е познато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот