Ѓоковиќ планира да игра во Мелбурн: Сè уште чекам дали ќе ми биде укината забраната

Новак Ѓоковиќ сака повторно да игра на „Австралија опен“/фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Цела планета ја потресе веста дека на Новак Ѓоковиќ не му беше дозволен влез во Австралија на почетокот на 2022 година, кога Србинот сакаше да атакува на нова титула на грен слем турнирот „Австралија опен“ во Мелбурн.

Од тој момент почна да важи забраната за влез во Австралија, која првично трае три години, но Ѓоковиќ се надева дека ќе биде укината.

– Сè уште чекам вести дали ќе ми биде укината забраната, мислам дека имам тригодишна забрана за патување, поради околностите видени на почетокот на годинава. Откако тоа ќе се отстрани, треба да аплицирам за виза. Сакам да одам и сакам да играм таму – рече Ѓоковиќ.

Токму за тоа на еден собир зборуваше и директорот на „Австралија опен“, Крег Тајли.

– На добар пат сме да се вратат сите врвни играчи. Сега сме во поинаква ситуација од пред девет месеци, мислам дека е сосема поинаква средина со луѓе кои слободно патуваат низ светот и се надевам дека ќе ги имаме сите најдобри играчи овде во јануари – рече Тајли, збунувајќи ги сите, со оглед на тоа што не е јасно дали мислел на Новак, кого „исклучително го цени“.

Барем така изјави претходно кога кажа дека Ѓоковиќ ќе може да игра во наредните години.

– Да, ќе може да игра. Секако, прво треба да ја помине оваа година, но тој ќе одлучи дали ќе игра. На крајот на краиштата, тој е тенисер број еден во светот и многу му се допаѓа Австралија Опен – беа зборовите на Тајли пред девет месеци.

ВИДЕО | Убав гест: Ноле изгуби меч и израдува детенце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот