ВИДЕО | Конечна пресуда – Ѓоковиќ го загуби случајот и ќе биде депортиран од Австралија

Новак Ѓоковиќ ја чека финалната одлука дали ќе настапи во Мелбурн/ фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Сите со нетрпение ја очекуваа одлуката на судиите околу случајот со Новак Ѓоковиќ и дали тој ќе настапи на првиот грен слем турнир годинава, „Австралија опен“ во Мелбурн кој ќе започне во понеделник.

Судиите ги ислушаа двете страни на сослушувањето и врз основа на нивните искажувања и доказите ја донесуваат одлуката.

Федералниот суд на Австралија ја соопшти конечната одлука за случајот со Новак Ѓоковиќ во 7.45 часот по македонско време! Судот соопшти само кратка пресуда, а подоцна ќе пристигне и детално образложение.

Адвокатите на Ѓоковиќ побиваа три тези на министерот за имиграција, Алекс Хок:

1. Не земајќи ги предвид последиците од откажувањето на визата од страна на министерот.

2. Присуството на Ѓоковиќ претставува висок ризик за Австралија.

3. Ѓоковиќ е „антиваксер“, би го зајакнал антивакцинското расположение во Австралија. Својот став го засноваше на написи во медиумите.

НАЈНОВО: Федералниот суд на Австралија донесе одлука! Новак Ѓоковиќ го загуби случајот и ќе биде депортиран од Австралија, соопшти Федералниот суд! Одлуката е 3:0 во корист на државата Австралија. Судијата Алсоп потврди дека сите тројца судии се согласиле со оваа одлука. Тоа значи дека најдобриот светски тенисер нема да може да ја одбрани титулата на Австралија Опен.

Ѓоковиќ практично нема право да се жали на оваа одлука, иако тоа го најави неговиот бранител Ник Вуд, бидејќи за тоа одлучува Високиот суд, кој речиси и не дава такви жалби, а имајќи го предвид сето она што се случи на судењето, јасно дека државата Австралија не го сака Ѓоковиќ на нејзина територија.

– ЃОКОВИЌ Е РАЗОЧАРАН ПОРАДИ ВАКВАТА ОДЛУКА, НО ИСТАТА ЌЕ ЈА ПОЧИТУВА. ВОЕДНО ПОСАКА УСПЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА „АВСТРАЛИЈА ОПЕН“

Ѓоковиќ: Крајно сум разочаран, но ја почитувам пресудата

Познато името кое ќе го замени Ѓоковиќ на „Австралија опен“

Основа за ваквата одлука е тврдењето на државниот адвокат, кој го застапуваше министерот за имиграција Алекс Хок, чија одлука му ја укина визата на Ѓоковиќ по втор пат за десет дена, за престојот на српскиот тенисер во Австралија да придонесе за растот на анти-вакцинско расположение.

Одредена е пауза од половина час во која претставниците на двете страни можат да се подготват да ја дадат својата проценка за одлуката и да ги соопштат понатамошните чекори, но одлуката е едногласно донесена и останува на сила.

Познато е кога Ѓоковиќ ќе игра на „Австралија опен“ доколку добие дозвола од судот

 

Видео на денот