Познато името кое ќе го замени Ѓоковиќ на „Австралија опен“

Новак Ѓоковиќ и натаму доминира на АТП ранг листата/ фото: EPA-EFE/DIEGO FEDELE

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на „Австралија опенпосле одлуката на судиите за итна депортација на српскиот ас од земјата.

Во ноќта меѓу недела и понеделник стартува првиот Грен слем сезонава, веќе одреди кој ќе го замени деветкратниот шампион во Мелбурн.

Местото на Ѓоковиќ на ждрепката ќе го заземе „среќниот губитник“ (лакилузер), Италијанецот Салваторе Карузо, 150. тенисер во светот.

Противник на Карузо во првото коло ќе биде српскиот натпреварувач Миомир Кецмановиќ.

Оваа информација ја објави еден од најголемите критичари на Ѓоковиќ, Бен Ротенберг на својот Твитер профил, а на официјалниот сајт на „Австралија опен“ и натаму стои двојката Ѓоковиќ – Кецмановиќ, иако се очекува наскоро и таму да се направи ажурирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот