Ѓоковиќ нема да тужи и идната година ќе игра на Австралија Опен?!

Новак Ѓоковиќ / Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Директорот на Австралија Опен, Крег Тили се надева дека Новак Ѓоковиќ идната година ќе може да настапи на гран слем турнирот во Мелбурн иако годинава беше протеран од земјата.

Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот беше депортиран од Австралија со што се соочи и со тригодишна забрана за влез во земјата, но Тили смета дека српскиот тенисер би можел да настапи идната година.
– Да, тоа ќе биде негова намера. На крајот на краиштата, Новак е прв тенисер на АТП ранг-листата и го сака Австралија Опен. Ќе може да игра, прво ќе мора да помине низ оваа година, а на крајот одлуката ќе биде негова. Меѓутоа важно е да се нагласи дека ниту една личност, ниту една организација не е поголема од самиот турнир – изјави Тили.

Директорот на Австралија Опен, исто така негираше дека Ѓоковиќ планира да ја тужи Тениската федерација на Австралија која е организатор на гран слем турнирот.

– Тоа не е точно, нема да не тужи. Има многу вести за различни работи, но ние и понатаму сме во позиција да се фокусираме на организација на турнирот во овој момент и ќе продолжиме да го  организираме овој одличен турнир – додаде Тили.

Премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендрјуз останува на ставот дека Ѓоковиќ може да се врати во Мелбурн само доколку се вакцинира.

– Мојот став е јасен, доколку сакате да дојдете – вакцинирајте се. Рафаел Надал беше во право, се можеше да се избегне доколку се вакцинираше, но Ѓоковиќ мисли дека е поголем од турнирот. Но, не е. Овој турнир е поголем од било кого – изјави Ендјуз.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот