Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Ѓоковиќ нема да игра на турнирот во Аделаида, целосно е фокусиран на Австралија опен

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го откажа настапот на својот прв АТП турнир во новата сезона.

Ѓоковиќ денес објави дека нема да игра на АТП турнирот во Аделаида, Австралија, кој требаше да ја отвори новата година.

Иако е на одмор, Ѓоковиќ изјави дека не е физички подготвен за овој турнир и дека тоа е причината зошто го откажува настапот.

– Лично, многу сум разочаран бидејќи имам прекрасни спомени од освојувањето на титулата пред две години. Бев навистина возбуден што се вратив бидејќи се чувствувам како да играм дома тука. Фокусот сега е на подготовките за Отвореното првенство на Австралија и со нетрпение очекувам наскоро да дојдам во Мелбурн, каде што ќе ги видам сите љубители на тенисот во Австралија – објави Ѓоковиќ.

Турнирот во Аделаида ќе се игра од 12 до 17 јануари, додека Отвореното првенство на Австралија започнува на 18 јануари и трае до 1 февруари.

Фото: Screenshot/instagram.com/djokernole

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот