Ѓоковиќ на три чекори од историја во Рим

Новак Ѓоковиќ успешно го стартуваше мастерс турнирт во Рим (Италија) со победата над Русинот Аслан Карацев.
Ова беше 997 триумф на Ѓоковиќ на АТП турнирите, а доколку оди според планот на српскиот ас, до крајот на турнирот во италијанската престолнина може да влезе во „клубот 1.000“.
Најдобриот светски тенисер во досегашната кариера има 997 триумфи и 203 порази и моментно има 83,1 отсто успешност.
Досега само четворица тенисери ја минаа магичната бројка. Рожер Федерер има 1.251 победа и 275 порази (82 отсто), а Рафаел Надал 1.050 победи и 211 порази (83,3 отсто).
Во Топ 1.000 победи се и Џими Конорс (1.274 победи – 283), додека Иван Лендл постигна скор 1.068 – 242.
Видео на денот