Ѓоковиќ: Алкараз е најдобар на светот во моментов

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Според светскиот рекет број еден, младиот Шпанец е еден од главните фаворити за титулата на Ролан Гарос

Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ вели дека Карлос Алкараз е несомнено најдобриот играч во светот во моментов. Алкараз има одлична сезона бидејќи скорот годинава му е 28-3, со освоени четири титули. Минатата недела тој порази тројца топ-5 играчи на патот кон титулата на Мадрид опен.
Шпанецот го победи Ѓоковиќ во полуфиналето во Мадрид, откако го победи својот идол Рафаел Надал во четвртфиналето. Во финалето во Мадрид, Алкараз го победи светскиот број три Александар Зверев со 6-3 6-1.

Во моментов тој е најдобриот играч во светот, без сомнение, поради резултатите што ги постигнува годинава – вели Ѓоковиќ.

Алкараз минатата недела наполни 19 години и многумина веруваат дека го има она што е потребно за да биде новата ѕвезда на машкиот тенис.

– Мислам дека е прекрасно да се има некој толку млад кој е доволно храбар да ги предизвика најдобрите играчи во светот и да освојува големи трофеи, но во исто време да биде скромен и добар надвор од теренот. Тој внесува многу енергија на теренот, што е убаво да се види – рече Ѓоковиќ.

Србинот смета дека е добро што Шпанецот не учествова на Рим опен.

– Мислам дека беше добра одлука од негова страна да не игра во Рим. Тој дефинитивно е еден од главните фаворити за Ролан Гарос – смета Србинот.

Ѓоковиќ не го освои Мадрид, но дефинитивно таму одигра подобро отколку во Монте Карло и во Белград. Србинот смета дека неговата форма доаѓа до точка каде што тој сака да биде пред Отвореното првенство на Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот