Ѓоковиќ во топ форма, со фуриозен старт на турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на турнирот во Рим/Рим, Италија/10 мај 2022/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Новак Ѓоковиќ го победи Аслан Карацев од Русија со 2:0 во сетови 6:3 6:2 и се пласираше во третото коло на Мастерсот во Рим.

Следниот ривал на српскиот тенисер ќе биде подобриот од дуелот во кој се среќаваат Ласло Ѓере (Србија) и Станислас Вавринка (Швајцарија).

Ѓоковиќ ја оправда улогата на фаворит, лесно го скрши отпорот на Карацев. Во првиот сет Русинот беше порамноправен. Но, во продолжение Ѓоковиќ го засили темпото и неговиот ривал немаше решение за ваквата игра на српскиот ас.

По размената на „брејкови“ на почетокот на мечот, пресуден беше осмиот гем во кој српскиот тенисер успеа да му го одземе сервисот на противникот, а потоа беше сигурен на свој сервис и го реши првиот сет во своја корист, 6:3.

Во вториот сет играта на Ѓоковиќ беше уште подобра, се чинеше дека играше со половина сила. Експресно со два „брејка“ доаѓа до предност од 4:0.

Карацев од третиот обид успеа да го добие гемот на свој сервис и со тоа ја прекина серијата на Србинот. Новак потоа се концентрираше на својот сервис и рутински до крајот ја одработи задачата.

Во другите мечеви: Димитров – Накашима 2:0, Грикспор – Баез 1:2, Шварцман – Кецмановиќ 2:1, Нарди – Нори 0:2, Руусувуори – Гарин 0:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот