Ѓоковиќ има свој фаворит во финалето на Европското првенство

Новак има голема шанса во Њујорк да испише нови страници во тениската историја/ фото: Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Најдобриот светски тенисер ќе навива за Италија в недела во финалето на Европското првенство против Англија кое ќе се одржи на „Вембли“ стадионот во Лондон со почеток од 21.00 часот.

Претходно од 15.00 часот исто така во англиската престолнина ќе се игра финалето на тенискиот „Вимблдон“ во кое Новак Ѓоковиќ ќе ги одмери силите против Италијанецот Матео Беретини.

Двата настани ќе бидат оддалечени само 24 километри, од една страна Италијанците се надеваат утре на двојна радост, но и Ѓоковиќ од друга страна ќе се обиде да ја израдува Србија со нов грен слем трофеј.

– Фудбал и тенис, фантастично. Беретини нема што да загуби против мене, се надевам на прекрасни мечеви. Посакувам Италија да слави единствено во вечерните часови, на фудбалски план – рече Ѓоковиќ за „Скај Спорт Италија“.

Ѓоковиќ го сака фудбалот, не е изненадување што ќе навива за Италија на ЕП, тој е голем фан на Милан, а Беретини навива за Фиорентина.

„Вимблдон“: Ивановски се бореше и повреден, на крајот елиминиран од Џонс

ВИДЕО: Не може без ритуалот кој им донесе среќа на Италијанците на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот