ВИДЕО: Не може без ритуалот кој им донесе среќа на Италијанците на ЕП

Фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths

Помошникот на Роберто Манчини повторно последен влезе во автобусот на фудбалската репрезентација на Италија.

Италијанците ја напуштија својата база во Фиренца и тргнаа кон Лондон каде што утре (21.00 часот) на „Вембли“ стадионот ќе го играат финалето на Европското првенство против Англија.

Автобусот со играчите и стручниот штаб веќе се движеше кон аеродромот, а помошникот на Манчини, Џанлука Вијали мораше да истрча за да го стигне. И не, не е заборавен, тоа е ритуал кој им носи среќа на Италијанците уште од почетокот на континенталниот собир.

Вообичаена сцена – Вијали шета, носи торба во раката и потоа им се извинува на сите што доцни. Започна уште од групната фаза и редовно „доцни“, а Италија ги победува своите ривали еден по еден.

Вијали и Манчини се одлични пријатели, но во тандем прават неверојатни работи на клупата на Италија.

Зад Вијали е тешка минатата година, се бореше против ракот, но за среќа тој ја надмина злобната болест и сега е на пат да стане европски шампион со својата земја.

По својата играчка кариера, Вијали кратко работеше и како тренер во Англија. Тој ги водеше Челси и Ватфорд, и 15 години работеше како спортски аналитичар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот