„Вимблдон“: Ивановски се бореше и повреден, на крајот елиминиран од Џонс

Фото: facebook.com/Македонски-тенис

Македонската тениска надеж во својот трет настап на јуниорскиот „Вимблдон“ претрпе пораз од седмиот носител Џек Пинингтон Џонс со 2:0.

После двете победи над стартот 17-годишниот Калин Ивановски го привлече вниманието со неговите игри и денешното осминафинале беше директно пренесувано на „Спортклуб 1“.

Во првиот сет нашиот тенисер се покажа како сериозна закана за Британецот особено со своите силни сервиси.

Имаше константно минимално водство во гемови, 2:1, 3:2, 4:3, а при 5:4 противникот успеа да направи пресврт серија на освоени гемови која не траеше само до завршувањето на првиот сет, туку и до крајот на самиот меч.

Во вториот сет Џонс ја продолжи својата серија на гемови, при негатива од 3:0 македонскиот тенисер се пожали на повреда на десната нога, по што беше принуден да побара медицински тајм-аут.

Делуваше дека поради повредата ќе го предаде мечот, но не се предаваше, до крај се бореше, на крајот најголемата британска надеж ја искористи можноста и обезбеди пласман во четвртфиналето со конечни 7:5 и 6:0.

Во следната фаза Пинингтон Џонс ќе игра против Виктор Лилов од САД кој со 2:0 (6:2, 6:1) го совлада Војтех Петр од Чешка.

Севкупно не треба да жалиме, Македонија има голем тениски бисер на кој треба особено да се внимава, се надеваме и во иднина Ивановски ќе ја претставува нашата земја на најголемите тениски собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот