Ѓоковиќ без борба во четвртфиналето, Мареј се повлече од турнирот во Мадрид

Енди Мареј поради болест се повлече од турнирот во Мадрид/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ се пласираше без борба во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Мадрид, Шпанија.

Неговиот противник, Британецот Енди Мареј се повлече од турнирот поради болест (не е прецизирано за што конкретно се работи), а тоа го потврдија и од АТП.

– За жал, Енди Мареј не може да оди на стадионот Маноло Сантана поради болест. Ти посакуваме брзо закрепнување. Андреј Рубљов и Даниел Еванс ќе го отворат денот на централниот терен – соопштија организаторите.

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Мареј требаше да биде првиот по цели пет години, откако последен пат играа во Доха во 2017 година. Српскиот ас води со 25-11 во меѓусебните мечеви.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра со подобриот од пресметката меѓу 12 носител Хурберт Хуркач (Полска) – Душан Лајовиќ (Србија).

Во другите осминафинални мечеви на турнирот во Мадрид се среќаваат: Надал – Гофан, Нори – Алкараз, Рубљов – Циципас, Димитров – Циципас, Оже Алијасим – Синер и Мусети – Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот