Фото: Pixabay.com / CC0

Гигантот за платежни картички „Виза“ ќе го отпушти секој 14-ти работник

Компанијата„Виза“, која управува со најголемата мрежа за плаќања во светот, планира да ја намали својата работна сила за околу седум отсто како дел од напорите на извршниот директор Рајан Мекинерни за „рационализација“ на компанијата и на инвестиции во областите кои растат, објави Си-ен-би-си повикувајќи се на меморандум од компанијата.

Компанијата планира да намали приближно 2.600 работни места, претежно во технолошки и производствени операции, според меморандумот. Документот и неговата автентичност ги потврдил извор запознаен со состојбата, пишува Си-ен-би-си.

Засегнатите вработени ќе почнат да бидат контактирани во вторник за следните чекори и помош при транзицијата, рече лицето.

„За да ги искористиме можностите што претстојат и да ја позиционираме Виза во најдобра позиција да ја води оваа трансформација, мора да продолжиме да го развиваме начинот на кој работиме. Вештачката интелигенција, исто така, помага да се забрза оваа еволуција и да се обликува начинот на кој се работи во Виза“, пишува директорот Мекинерни во интерниот документ.

Отпуштањата доаѓаат во време кога компаниите во финансискиот и технолошкиот сектор сè повеќе користат вештачка интелигенција за автоматизирање на техничката работа како што е развојот на софтвер, додека се обидуваат да ги ограничат трошоците по години брзо вработување. „Виза“ имала околу 34.100 вработени на крајот од минатата фискална година.

Иако вештачката интелигенција играла значајна улога во отпуштањата, таа не била единствениот двигател, според извор директно запознаен со ова прашање, кој не сакал да му се открие идентитетот.

Странци лани потрошиле 52 милиони евра за купување производи и услуги од македонски е-трговци, велат од АТЕМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот