Фото: архива

Пожарот кај Велес се прошири накај патот за Штип, полицијата го регулира сообраќајот

Пожарот што попладнево избувна во месноста Дорутовец кај Велес се проширил во правец на патот кон Штип, а силниот ветер го носи чадот кон автопатот, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Од ДЗС посочуваат дека опасноста од пожарот е намалена, но состојбата на терен и натаму бара внимателно следење. И покрај интервенцијата на двата „ертрактори“, велешките пожарникари, месното население и екипите на ЈП „Дервен“, огнената линија се проширила во правец на патот Велес – Штип.

Дополнителен проблем претставува ветерот, кој го носи густиот чад кон автопатот. Поради намалената видливост и можниот ризик за возачите, од ДЗС побарале поддршка од Министерството за внатрешни работи за регулирање на сообраќајот.

„Состојбата се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен“, соопштија од ДЗС.

Во гасењето на пожарот во Дорутовец се вклучени две противпожарни возила со шест пожарникари од ТППЕ Велес, како и два „ертрактори“ на ДЗС.

Според последните информации од Дирекцијата, до 18 часот денеска на територијата на државата биле регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Четири од нив сè уште биле активни, додека пет биле изгаснати.

Пожар на влезот во Велес, активирани се авионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот