Фото: илустрација / Слободен печат / Методи Здравев

Десет луѓе се повредени во страотен судир меѓу три коли на патот Кичево-Охрид

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне во близина на Кичево, учествувале три автомобили, а повредени се вкупно десет луѓе, меѓу кои и две деца, соопшти полицијата.

„На 27.07.2026 во 13:35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на селото Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(76) од Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(41) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(48) од с.Грешница, Кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „цитроен“, С.Р.(79) од с.Грешница, Кичевско, додека со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, се здобиле тројцата возачи и нивните сопатници Г.Р.(45) од с.Грешница, Ц.М.(76) од Прилеп, М.П.(34) и нејзините две малолетни деца, сите од Скопје. Извршен е увид од екипа на ОВР Кичево“, пишува во полициското соопштение.

Насилници од соседно село грабале девојка од куќа во Струмичко, тепале цело семејство со деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот