Гоце Тодоровски и Весна Димитрова-Бобевски - Фото: Facebook/Vesna Dimitrova-Bobevski

ФОТО | Колешка на Гоце Тодоровски со искрена приказна за последните месеци од неговиот живот

Пријателка и колешка на Гоце Тодоровски сподели моменти од последните месеци од неговиот живот. Во емотивната објава на Фејсбук, актерката Весна Димитрова-Бобевски сподели за последното заедничко дружење со легендарниот актер кој почина вчера по кусо боледување на 75 години.

Заминувањето на македонскиот актер Гоце Тодоровски ја потресе јавноста, а од него со емотивни зборови се простуваат колеги, пријатели и почитувачи кои со години ја делеа сцената со него.

Меѓу нив е и актерката Димитрова-Бобевски, која на социјалните мрежи објави трогателна порака, потсетувајќи дека пред само година и пол ја снимиле нивната последната заедничка епизода од легендарните „Македонски народни приказни“.

„Пред само година и пол, пред камера ја снимивме нашата последна приказна. Но, зад нас останаа и многу други заеднички приказни на телевизија и на театарската сцена. Чест ми беше што делев сцена со тебе и што имав можност да учам од еден голем актер и колега. Почивај во мир, драг Гоце. Ќе останеш запаметен по твоите незаборавни улоги на телевизија и во театарот. Остави неизбришлива трага во македонската актерска уметност и во срцата на публиката. Вечна ти слава“, напиша актерката.

„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина. Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест после голема борба … Го напушти овој свет, а ми вети … Срцето не издржа, престана да работи … Го реанимираа, направија сè, престана да диши, на кислород ставен, практично апаратурата го држеше, не издржа бе татко … Невидена желба за живот … Лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено, сега летај со ангелите … Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, остана без една половина. Иако пензионирани, не се помири и готово. Крај. Сега барем знам дека сте заедно, тандем на овој, па и на оној свет“, напиша неговата ќерка Сашенка Тодоровска по смртта на легендарниот актер.

И покрај силната желба за живот, неговото срце не издржа — замина Гоце Тодоровски, доајенот на македонскиот хумор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот