Селест Ривас Хернандез/Д4вд/Фото: Профимедиа/Принтскрин/Инстаграм

Продолжува судењето на Д4вд за убиството на 14-годишната Селест Ривас — му се заканува доживотен затвор

Судија одлучи дека американскиот музичар Д4вд (D4vd) ќе оди на судење за убиство поради смртта на тинејџерка. Одлуката следуваше по петдневното прелиминарно сослушување, во кое обвинителите од Лос Анџелес испрашаа десетина сведоци и прикажаа вознемирувачки фотографии како докази, додека семејството на 14-годишната Селест Ривас Ернандез го следеше судењето во судницата, пренесува „Би-би-си“.

Ѕвездата, чие вистинско име е Дејвид Ентони Берк, е обвинет за убиство на девојчето, чии останки беа пронајдени минатиот септември во возило Тесла регистрирано на негова адреса. Берк (21) се изјасни заневин по обвиненијата за нејзино убиство и сексуално злоупотребување.

Се очекува официјалното обвинение против Берк да биде поднесено на 31 август. Судењето треба да започне во рок од 90 дена од тој датум.

Реконструкција на случувањата

Обвинителите тврдат дека Берк ја избодел тинејџерката, а потоа го распрачил нејзиното тело по повеќегодишно сексуално злоупотребување. Тие тврдат дека тој ја убил тинејџерката бидејќи таа се заканувала дека ќе ја открие неговата врска со малолетничка и ќе му ја уништи музичката кариера вредна милиони долари.

Доказите прочитани во судот во понеделникот покажаа закани што Ернандез му ги испратила на Берк на 22 април 2025 година, кои произлегле од расправии за неговото пријателство со друго девојче.

„Се колнам во Бог дека ќе те убијам. Ќе ти ја завршам кариерата и животот, ќе уништам сè“, пишувало во една текстуална порака полна со пцости, по што следела закана дека ќе го задави и ќе му каже лаги на нејзиниот татко за него.

Следниот ден, Ернандез заминала во домот на Берк во Холивуд, а Убер ја земала.

Обвинителите тврдат дека Берк ја избодел откако таа пристигнала

За време на испрашувањето на сослушувањето во понеделникот, детективот Кори Фарел од полицијата во Лос Анџелес рече дека текстуалните пораки укажуваат дека обвинетиот и девојчето оделе во црква со нејзиното семејство.

Во одговор на прашањата од одбраната, детективот рече дека е запознаен оти тинејџерката лажно ја претставувала својата возраст пред обвинетиот, кажувајќи му во различни прилики дека има 16 и 18 години. Адвокатите на одбраната на Берк тврдеа дека нема доволно докази оти тој го извршил делото.

Тие рекоа дека нејзините родители биле свесни за тоа што се случува меѓу нив и дури дале писмена согласност таа да патува во Лондон со Берк на една недела. Одбраната ги истакна пораките од 22 и 23 април кои сугерираат дека Селест инсистирала да дојде во неговиот дом во Холивуд Хилс, а дека тој се противел на нејзиното доаѓање пред да се согласи да испрати некој да ја земе ноќта на 23 април.

Тој „постојано изразуваше љубов и грижа за г-ѓица Ернандез откако раскинаа“, изјави во судот адвокатката на одбраната, Мерилин Беднарски.

Неможноста на медицинскиот вештак да докаже како настанале двете прободни рани пронајдени кај девојчето и недостатокот од видеозаписи од надзорните камери кои би потврдиле дека Берк бил дома ноќта на 23 април укажуваат на недостаток на докази, тврдеше одбраната.

Судијката на Вишиот суд во округот Лос Анџелес, Шарлејн Олмедо, одлучи дека доказите претставени за време на прелиминарното сослушување обезбедуваат основана сомнителност за започнување судење.

Берк е обвинет за убиство, континуирано сексуално злоупотребување дете под 14 години и незаконско сквернавење/оштетување човечки останки.

„Обвинителствотоги прегледа сите докази“, рече судијката Олмедо.

Таа утврди дека обвинителите ги собрале сите постоечки докази за обвинението, за убиство под отежнувачки околности, вклучително и чекање од заседа, мотив за финансиска корист и елиминирање сведок.

По сослушувањето, окружниот обвинител на Лос Анџелес, Натан Хочман, рече дека неговата канцеларија претставила само дел од доказите што ги има против Берк и дека ќе ги претстави сите на претстојното судење.

Хочман исто така рече дека неговата канцеларија сè уште не одлучила дали ќе бара смртна казна за Берк.

Детектив сведочеше дека Берк преку интернет нарачал вреќа за тело, моторни пили, базен на надувување и лопата во деновите по смртта на Селест.

Обвинителите ги истакнаа записите кои откриваат дека Берк нарачал моторни пили и лопата на својата адреса по 23 април. Тие тврдат дека тој искористил моторна пила за да го распарчи телото на Ернандез.

Сепак, криминалистката од полицијата во Лос Анџелес, Лорен Волас, сведочеше дека моторните пили пронајдени во неговата гаража биле негативни на присуство на крв и потоа не биле тестирани за ДНК – точка што одбраната ја истакна во обид да докаже дека претставените докази се нецелосни.

Покрај тоа, истражителите не успеаја да лоцираат трета, а моторна пила Макита, за која обвинителите исто така тврдат дека Берк ја нарачал по смртта на Ернандез.

Американски пејач е уапсен под сомнение за убиство на тинејџерка која исчезна во 2024 година

 

Американски пејач е уапсен под сомнение за убиство на тинејџерка која исчезна во 2024 година

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот