Нумерологија - Фото: Magnific

Пресметајте го вашиот среќен број, сè што ви треба се наоѓа во вашето име и датумот на раѓање

Според нумерологијата, секој човек поседува свој уникатен среќен број. Се верува дека оваа бројка ги открива нашите основни карактерни особини, скриени таленти, но и начинот на кој ги привлекуваме добрите можности во животот.

Постапката за пресметка е едноставна и бара само неколку минути.

Разлика помеѓу среќниот број и бројот на животниот пат

Многумина го мешаат среќниот број со бројот на животниот пат, но овие два нешта имаат различно значење во нумерологијата.

Бројот на животниот пат се пресметува врз основа на датумот на раѓање и се поврзува со животните искуства, предизвици и лекции низ кои поминуваме.

Среќниот број се заснова на целото име и презиме добиено по раѓањето. Тој повеќе зборува за самата личност, внатрешните желби, природните способности и впечатокот што го оставаме кај другите.

Нумерологија – Фото: Magnific

Чекор по чекор – пресметајте го вашиот број

За да стигнете до конечниот број, потребно е прво да одредите три вредности: бројот на името, бројот на душата и бројот на личноста. Притоа, на секоја буква ѝ одговара соодветен број според Питагорината табела. На пример, ако името е „АНА“ (А = 1, Н = 5, А = 1), броевите потоа се собираат (1 + 5 + 1 = 7). Крајниот број се толкува според нумеролошките правила.

Број 1: А, Ѕ, О, Ц

Број 2: Б, И, П, Ч

Број 3: В, Ј, Р, Џ

Број 4: Г, К, С, Ш

Број 5: Д, Л, Т

Број 6: Ѓ, Љ, Ќ

Број 7: Е, М, У

Број 8: Ж, Н, Ф

Број 9: З, Њ, Х

Број на името (број на судбината)

Сберете ги броевите на сите букви од вашето целосно име и презиме. Доколку добиете двоцифрен број, собирајте ги цифрите сè додека не добиете еден број.

Број на душата

Се пресметува само од самогласките во името и презимето. Овој број ги претставува најдлабоките внатрешни желби и она што ве движи одвнатре.

Број на личноста

За оваа пресметка се користат само согласките. Оваа вредност ги покажува особините што другите луѓе најпрво ги забележуваат кај вас.

Конечен резултат

На крајот, соберете ги сите три добиени броја (на името, душата и личноста). Доколку резултатот е поголем од девет, повторно соберете ги цифрите за да добиете еден број од 1 до 9.

Нумерологија – Фото: Magnific

Симболика на броевите од 1 до 9

Број 1: Независност, амбиција и лидерски способности.

Број 2: Соработка, дипломатија и емотивна чувствителност.

Број 3: Креативност, оптимизам и лесно поврзување со луѓето.

Број 4: Вредна работа, стабилност и чувство за одговорност.

Број 5: Слобода, промени и желба за авантури.

Број 6: Грижа за другите, семејство и должност.

Број 7: Интуиција, длабоко размислување и потрага по знаење.

Број 8: Одлучност, организација и стремеж кон успех.

Број 9: Емпатија, идеализам и желба да им се помогне на другите.

Мастер броеви

Во одредени нумеролошки школи посебно се издвојуваат таканаречените мастер броеви 11, 22 и 33. Тие не се сведуваат на една цифра бидејќи носат посебно значење:

Број 11: Врвна интуиција, духовна чувствителност и инспирација.

Број 22: Способност за претворање на големите идеи во конкретни дела.

Број 33: Несебична помош за другите и засилен духовен развој, пишува „Сенса“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот