Фото: архива

Пожар на влезот во Велес, активирани се авионите

Попладнево избувнал пожар во велешката месност „Дорутовец“, по бензинската станица на „Макпетрол“ пред влезот во градот, соопштија надлежните. Пожарот гори од десната страна на патот гледано во насока кон градот.

Поради ветрот и опасноста пожарот да се прошири, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два авиона „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во моментот, на терен се пожарникарите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес коишто дејствуваат со две ПП возила и шестмина пожарникари.

Се јави „Комуналец“ од Струмица, вели дека е можно депонијата во Доброшинци да се самозапалила од метан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот