Топло време - 26,06,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Фото: „Слободен печат“/Методи Здравев

Екстремно топли денови и тропски ноќи: Балканот од утре ќе се пржи на над 40 степени

Нов силен топлотен бран од утре ќе го зафати поголемиот дел од Балканот, а според прогнозите на повеќе метеоролошки служби и регионални синоптичари, жешкото време би можело да се задржи најмалку до 10 август, објавуваат медиумите од регионот.

Станува збор за период во кој температурите постепено ќе растат од ден на ден, а во одделни подрачја ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени во сенка.

Највисоки температури се очекуваат кон крајот на оваа недела и во првите денови од август, кога под влијание на силен антициклон над Медитеранот и југоисточна Европа ќе се задржи многу топла воздушна маса.

Освен екстремно топлите денови, метеоролозите предупредуваат и на таканаречени тропски ноќи, кога минималните температури нема да се спуштаат под 20 степени, а во урбаните средини може да достигнат и околу 25 степени.

Според актуелните прогностички модели, и по првата декада од август не се очекува значително освежување. Дневните температури во поголем дел од Балканот ќе се движат околу 35 степени, додека ноќните ќе останат меѓу 20 и 25 степени, што ќе придонесе за зголемен топлотен стрес, особено кај постарите лица, хронично болните и малите деца.

До крајот на неделата пеколно топло, од петок заладување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот