Ева Величковска / Фото: Инстаграм / Мис Македонија

ФОТО | Ева Величковска ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот 2026

20-годишната Ева Величковска е новата претставничка на Македонија на престижниот избор за Мис на светот 2026, кој годинава ќе се одржи во Виетнам.

Веста ја соопштија од организацијата „Мис Македонија“, носител на лиценцата за националниот избор, преку објава на социјалните мрежи. Заедно со фотографија од Величковска во елегантен црвен свечен фустан, ѝ посакаа успешна подготовка и достојно претставување на земјата на светската сцена.

„Патот до Мис на светот 2026 започнува! Со гордост ја најавуваме нашата претставничка, Ева Величковска, која ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот светски избор за убавина – Мис на светот 2026, што ќе се одржи во Виетнам. Ти посакуваме успех, инспиративно патување и блескав настап на светската сцена!“, стои во објавата.

Ева Величковска / Фото: Инстаграм/„Мис Македонија“

Величковска има 20 години и е студентка на Славјанскиот универзитет во Скопје. Таа годинава ќе ја преземе улогата од минатогодишната македонска претставничка Чарна Невзати, која остави позитивен впечаток со својот настап.

На социјалните мрежи, новата македонска претставничка веќе добива бројни честитки и зборови на поддршка. Следбениците ја опишуваат како природна убавица и ѝ посакуваат успех на претстојниот избор.

Ева Величковска / Фото: Инстаграм/Мис Македонија

Според нејзините објави на Инстаграм, Величковска е љубителка на патувањата, а често споделува фотографии од своите патувања, летни моменти и модни комбинации, меѓу кои и креации од домашен моден бренд.

Интервју со Чарна Невзати, Мис на Македонија: Изборот Мис на светот во Индија ме направи посилна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот