Млад фудбалер на ФК Куманово е на проба во ФК Австрија Виена

Леарт Алија се наоѓа на десетдневен фудбалски камп и пробен период во еден од најпознатите австриски клубови

Леарт Алија, фудбалер од генерацијата 2012 на ФК Куманово, од село Оризаре, Општина Липково, моментно се наоѓа на десетдневен фудбалски камп и пробен период во еден од најпознатите австриски клубови ФК Австрија Виена.

За време на престојот во ФК Австрија Виена, Леарт тренира под надзор на професионалните тренери на клубот и ќе има можност да ги покаже своите технички и тактички способности стекнати во неговиот матичен клуб ФК Куманова 2010.

Во текот на десетте дена Леарт ќе помине низ различни физички, технички и тактички тестирања и ќе настапи на пријателски натпревари каде ќе може да ги демонстрира своите квалитети. Тој се надева дека ќе остави силен впечаток кај стручниот штаб на австрискиот клуб.

Сите во неговата средина му посакаа многу успех и веруваат дека достојно ќе ги претстави ФК Куманова 2010, Општина Липково и својата татковина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот