Фото: vfmkd.org.mk

Гавриловиќ: На Медитеранските игри одиме да оствариме најмалку две победи

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги почна подготовките за учеството на Медитеранските игри во Таранто.

Селекторот Милош Гавриловиќ по дебито минатиот циклус, сега знае со што располага иако списокот за овој собир претрпе промени со оглед на тоа дека дел од младите одбојкарки ги нема на располагање поради обврските кои ги имаат со У20 селекцијата во Зонските квалификации за Европското првенство 2027.

За женската репрезентација на Македонија ова ќе биде втор настап во низа на Медитеранските игри откако претходно настапија на Игрите во Оран, Алжир во 2022 година.

Македонија на Медитеранските игри ќе биде дел од групата Б каде за противници ќе ги има селекциите на Турција, Грција, Алжир и Косово, додека во групата А ќе се натпреваруваат Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија.

– По кратка пауза повторно се собравме на подготовките за Медитеранските игри. Составот е малку сменет, не се сите девојки кои беа со нас и во првиот дел. Помладите ќе настапуваат за селекцијата до 20 години. На Медитеранските игри ќе се соочиме со репрезентации кои се на нашето ниво. Се надевам дека успеавме пред сѐ да се одмориме, но и да размислиме за сѐ – каде грешевме, кои работи беа добри и на што треба да продолжиме да работиме и да подобриме. На Медитеранските игри да отпатуваме со идеја да оствариме две победи, што е моја лична цел, а зошто да не и три. Ќе видиме и противниците во кој состав ќе дојдат, но во Таранто одиме на победа. Пред тоа ќе мора добро да се подготвиме и да работиме и да напредуваме повеќе од првиот собир – вели Гавриловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот