Фото: Слободен печат /Драган Митрески

Уште една странска компанија заминува од Македонија, ќе отвора фабрика во Полска

Германската компанија „БМЗ“ до крајот на годинава ќе го затвори погонот во зоната во Скопје, објави „Телма“. Компанијата ја донела одлуката откако направила сеопфатна економска анализа, а производството од земјава го префрлаат во Полска.

За затворањето се известени скоро сто работници од македонската подружница на „БМЗ“.

„БМЗ“ го препознава влијанието кое оваа одлука ќе го има на вработените во Северна Македонија. Компанијата е целосно посветена оваа транзиција да ја комплетира одговорно, транспарентно и со почит кон сите вработени“, пишува во дописот од фирмата.

За заминувањето на компанијата која произведува батериски системи известени се и во Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони. Оттаму за Телма пренесуваат оптимистички тонови. Тврдат дека инвеститор кој подолго време работи тука сака да преземе дел од вработените на „БМЗ“, но не откриваат за кого станува збор.

Од дирекцијата за ТИРЗ велат и дека деновиве во земјава ќе дојде друг странски инвеститор од Европска Унија, со кој ќе се разговара да го преземе погонот на „БМЗ“, без да откријат повеќе детали која е компанијата и со што се занимава, дали е од автомобилската индустрија или од друг сектор.

Освен „БМЗ“, претходно и од „Аптив“ соопштија дека до крајот на годината ќе го затворат погонот. Клуч на врата стави и американската „Дура“, но за неа од Дирекцијата соопштија дека ќе бараат да врати дел од државната помош.

„Аптив“ Лесковац го намалува бројот на вработени, им нуди годишна отпремнина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот