• заминува

Ковачевски заминува од функцијата генерален директор на ЕСМ

Васко Ковачевски ја напушта функцијата генерален директор на АД ЕСМ. Тој денеска за Телевизија 24 потврди дека ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски, а на негово место ќе дојде Васко Стефанов. Повеќе детали ќе бидат соопштени на заедничката прес-конференција што е закажана за денеска во 13:30 часот во Влада.