Милан останува без Леао, Португалецот најави заминување: Верувам дека го дадов најдоброто
Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао најави дека е подготвен за нов чекор во кариерата и дека летово би можел да стави крај на својата шестгодишна авантура во Милан.
Препорачано
Крилниот напаѓач пристигна во редовите на „росонерите“ во 2019 година и оттогаш одигра 291 натпревар во сите конкуренции, притоа постигнувајќи 80 голови. Во тој период се етаблираше како еден од најважните играчи на италијанскиот гигант.
Во изјава за португалската телевизија „Спорт ТВ“, Леао призна дека чувствува потреба од нов предизвик по годините поминати на „Сан Сиро“.
„Милан ми помогна да созреам како играч и како личност. Клубот беше покрај мене во тешките моменти и секогаш ќе бидам благодарен за тоа. Сепак, чувствувам дека дојде време за нешто ново во мојата кариера“, изјави португалскиот фудбалер.
Леао ја заврши сезоната со десет погодоци и три асистенции на 31 натпревар, но Милан не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, што дополнително ги засили шпекулациите за негово заминување.
„Верувам дека му го дадов најдоброто од себе на Милан. Ова е клуб кој многу ми помогна и горд сум што оставив трага во неговата историја. Сакам да се испробам во нова средина и во ново првенство. Ако дојде до таков трансфер, ќе бидам среќен затоа што ќе знам дека сум го завршил својот дел од работата на најдобар можен начин“, додаде Леао.
Според информациите на италијанските медиуми, за потписот на 26-годишниот фудбалер сериозен интерес покажуваат клубови од Шпанија, Англија, како и неколку екипи од Саудиска Арабија.
ВИДЕО | Париз во хаос и по новата титула на ПСЖ: Уапсени се над 400 хулигани, има и повредени


