Јелена Докиќ во Скопје / Фото: Инстаграм/Јелена Докиќ

ФОТО | Светската тенисерка Јелена Докиќ ужива во Скопје — ги посети Матка, Старата чаршија и плоштадот „Македонија“

Поранешната четврта тенисерка во светот, Јелена Докиќ, деновиве престојува во Македонија, а впечатоците од посетата на Скопје ги сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Докиќ, која во текот на кариерата настапуваше под знамето на Австралија, а претходно и на тогашната Сојузна Република Југославија, во главниот град пристигна во друштво на својот партнер. Двајцата ги посетија најпознатите скопски знаменитости, меѓу кои кањонот Матка, Старата скопска чаршија, плоштадот „Македонија“ и црквата Свети Константин и Елена.

Фото: Инстаграм/Јелена Докиќ

„Скопје, убаво си!“, напиша Докиќ покрај серијата фотографии објавени на Инстаграм, на кои може да се види како го истражува градот и ужива во неговите препознатливи локации.

Фото: Инстаграм/Јелена Докиќ

Нејзината објава наиде на позитивни реакции од следбениците, кои ѝ посакаа пријатен престој и ја охрабрија да продолжи да ги открива убавините на Македонија.

Фото: Инстаграм/Јелена Докиќ
Фото: Инстаграм/Јелена Докиќ

Според објавите на нејзиниот профил, патувањето низ земјава започнало неколку дена претходно, кога сподели фотографија од традиционален појадок со ѓеврек и јогурт, за кој се претпоставува дека бил направен за време на престојот во Охрид.

Фото: Инстаграм/Јелена Докиќ
Фото: Инстаграм/Јелена Докиќ

Докиќ е една од најпознатите тенисерки од својата генерација. Во кариерата стигна до четвртото место на ВТА-листата и беше дел од самиот светски врв на женскиот тенис. По завршувањето на професионалната кариера, таа отворено зборуваше за тешкото детство и насилството што го трпела од својот татко и поранешен тренер Дамир Докиќ, а денес е успешен спортски коментатор и аналитичар, редовно ангажиран за време на Австралија опен.

Почина таткото на поранешната тенисерка Јелена Докиќ кој ја тепаше низ кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот