Фото: Pexels

Кој може да ја прими вакцината против рак на кожата? Руски научници ги објавија критериумите

Националниот медицински истражувачки центар за радиологија при руското Министерство за здравство, во соработка со Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, го доби првото одобрение во светот за мРНК антитуморска вакцина. Таа би можела да стане достапна за возрасни пациенти со неоперабилен или метастатски меланом, објави Националниот медицински истражувачки центар за радиологија, објави „Евроњуз“.

Вакцината е наменета за возрасни пациенти со неоперабилен или метастатски меланом, во комбинација со инхибитори на имунолошките контролни точки (ICI), како и за пациенти кај кои меланомот бил хируршки отстранет, односно по отстранување на сите метастатски жаришта, како дополнителна (адјувантна) терапија во комбинација со ICI.

Терапијата се базира на индивидуалниот генетски профил на туморот кај секој пациент, што му овозможува на имунолошкиот систем да биде „обучен“ да ги препознае и уништува исклучиво туморските клетки, со што се минимизира оштетувањето на здравото ткиво.

На веб-страницата на Националниот медицински истражувачки центар за радиологија е наведено кои пациенти се кандидати за примање на вакцината против рак на кожата – лица кај кои претходно бил дијагностициран меланом, биле лекувани, а сега имаат повторна појава на болеста, но без метастази во мозокот, лица кај кои неодамна е дијагностициран меланом во стадиум IIB–IV и сè уште не примиле никаква антитуморска терапија, но кај кои е планиран хируршки зафат и лица со дијагностициран меланом со далечни метастази, но без метастази во мозокот, кои досега не примале никаква медикаментозна антитуморска терапија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот