Фото: Pexels / freestocks.org

Гинеколози: Многу трудници го имаат овој симптом, а за него ретко се зборува

Бременоста носи со себе и бројни промени во телото, а некои од нив можат да бидат доста непријатни и изненадувачки. Еден од симптомите за кој во последните месеци сè повеќе се зборува на социјалните мрежи се нарекува „Лего раце“.

Невообичаен симптом се однесува на отечени и вкочанети прсти, како и болка и пецкање во дланките што може да се појават во текот на бременоста.

– „Лего рацете“ се нов и креативен назив за отечени, вкочанети и трнење на прстите, вкочанетост на зглобовите, болка и пецкање што се појавуваат во бременоста – објаснила гинекологот д-р Шери Рос за „Хафингтон пост“.

Таа додала дека жените го смислиле називот затоа што медицинските термини како синдром на карпален тунел или едем на дланките не го опишуваат соодветно она низ што го проживуваат.

Што предизвикува „Лего раце“?

Според Рос, телото во текот на бременоста произведува околу 50 отсто повеќе крв и други телесни течности што помагаат за растот и развојот на бебето. Дел од таа течност се таложи во ткивата, поради што се појавува оток на рацете и прстите и симптоми како што се вкочанетост, болка и пецкање, односно трнење. Проблемите често се најизразени по 28-та недела од бременоста, односно во третото тримесечје.

Гинекологот д-р Кристин Карлан Гревс истакнува дека отекувањето во бременоста е вообичаена појава и дека споредбата со „Лего рацете“ им помага на многумина полесно да разберат за што станува збор. Сепак, таа предупредува дека ненадејното отекување на рацете, стапалата и лицето, особено ако е придружено со силна главоболка, заматен вид или зголемен крвен притисок, може да укажува на прееклампсија и бара итен преглед од лекар.

За ублажување на симптомите, д-р Рос препорачува држење на зглобот во неутрална положба, носење шина по потреба, редовно движење на раката, ладни облоги и едноставни вежби за рацете и зглобовите. Добрата вест е дека во повеќето случаи симптомите на „Лего рацете“ исчезнуваат неколку недели по породувањето, но двајцата лекарки нагласуваат дека сите загрижувачки или невообичаени промени во текот на бременоста треба да се пријават кај лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот