Фото: Manchester City/FB

Јошко Гвардиол потпиша нов петгодишен договор со Манчестер сити

Хрватскиот репрезентативец, Јошко Гвардиол, чиј претходен договор имаше уште две години важност, сега е врзан со клубот до 2031 година, со опција за продолжување на соработката за дополнителни 12 месеци.

Централниот дефанзивец, кој има натапи 122 пати за Сити откако пристигна од РБ Лајпциг во 2023 година за 77 милиони фунти, беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и Баерн Минхен, но реши да остане во Манчестер.


„Штом дознав дека Сити сака да го обнови мојот договор, веднаш почувствував дека тоа е она што го сакам“, изјави 24-годишниот фудбалер.

„Навивачите на Сити беа неверојатни со мене уште од првиот ден, а клубот им обезбедува апсолутно сè на играчите. Ова е најдобриот клуб во светот за кој може да се игра.“

Гвардиол ја освои титулата во Премиер лигата во 2024 година и настапуваше како централен дефанзивец и лев бек во системот на Пеп Гвардиола, минатата сезона го мачеше повреда на ногата поради што четири месеци беше надвор од терените.


Тој настапи за Хрватска на Светското првенство, а сега се надева дека ќе се наметне под водство на новиот менаџер Енцо Мареска.

Директорот за фудбал на Манчестер сити, Хуго Виана, изјави:

„Јошко е играч во кој овој клуб навистина верува. Тој е млад, исклучителен професионалец и веќе е еден од најдобрите дефанзивци во светот.“

Новиот договор на Гвардиол доаѓа по продолжувањето на долгорочните соработки со Фил Фоден и Абдукодир Хусанов.

Игор Марковиќ е нов селектор на женската ракометна репрезентација

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот