ФОТО | Кевин Спејси повторно во Дубровник: 67-от роденден го прослави со морски специјалитети и со хрватските пријатели
Американскиот актер Кевин Спејси го прослави својот 67-ми роденден во Дубровник. Прославата се одржала во недела навечер во рибниот ресторан „Прото“, каде што актерот вечерал во друштво на пријатели, меѓу кои бил и хрватскиот режисер Јаков Седлар, негов долгогодишен пријател и соработник, пишува „Дубровачки весник“.
Препорачано
View this post on Instagram
Вечера во Стариот град
Спејси, кој овие денови престојува на хрватскиот брег, за прославата избрал ресторан во Дубровник познат по морските специјалитети и автентичната локална гастрономија. Се наведува дека актерот уживал во понудата на ресторанот и опуштената атмосфера.
Од ресторанот „Прото“ му се заблагодарија на актерот и на неговото друштво за посетата.
– Рибниот ресторан „Прото“ им се заблагодарува на г-дин Спејси, г-дин Седлар и на нивните пријатели за укажаната доверба и им посакува пријатно продолжување на нивниот престој на хрватскиот брег – порачале тие.
Ова не е првпат актерот да го слави својот роденден во Дубровник. Тој престојувај во градот пред 17 години, кога таму го прослави својот 50-ти роденден.
Судски процеси што ја одбележаа неговата кариера
Кариерата на Спејси претрпе сериозен удар во 2017 година, кога беше обвинет за сексуално непримерно однесување. По објавувањето на обвиненијата, тој беше отстранет од популарната серија „Куќа од карти“, а веќе снимените сцени во филмот „Сите пари на светот“ беа повторно снимени со Кристофер Пламер.
По повеќегодишни судски постапки, во 2023 година суд во Обединетото Кралство го ослободи од сите кривични обвиненија што се водеа против него.
Во САД, дел од тужбите против актерот беа отфрлени или повлечени, додека поротата во граѓанската постапка што ја покрена актерот Ентони Рап донесе одлука дека Спејси не е одговорен за обвинувањата.
По турбулентниот период во приватниот и професионалниот живот, актерот повторно се појавува на јавни настани и патува, а изборот повторно да го прослави роденденот во Дубровник покажува дека градот и натаму има посебно место во неговиот живот.
Кевин Спејси постигна спогодба со тројца од мажите кои го обвинија за сексуално злоставување


