кевин спејси
Кевин Спејси / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Кевин Спејси постигна спогодба со тројца од мажите кои го обвинија за сексуално злоставување

Американскиот актер Кевин Спејси, добитник на два Оскара, постигнал доверлива спогодба со тројца британски тужители кои против него поднеле граѓански тужби за сексуален напад пред Високиот суд во Лондон.

Според судскиот налог објавен оваа недела, тужбите се однесувале на наводни инциденти што се случиле во периодот од 2000 до 2013 година. Двајца од тужителите претходно сведочеле и на кривичното судење против актерот во Лондон во 2023 година, кога 66-годишниот Спејси беше ослободен од сите обвиненија.

Судскиот документ, датиран од 13 март, потврдува дека постапката е прекината по постигната спогодба, што значи дека судењето закажано за октомври нема да се одржи. Деталите од договорот не се јавно објавени.

Спејси во повеќе наврати ги негираше обвинувањата за сексуално недолично однесување, тврдејќи дека настаните или не се случиле, или биле со согласност.

Актерот, кој важеше за една од најголемите холивудски ѕвезди пред да се појават првите обвинувања во 2017 година, доби Оскари за улогите во филмовите „Американска убавина“ (American Beauty) и „Вообичаени осомничени“ (The Usual Suspects).

Откако мажите јавно го обвинија актерот, тој беше отстранет од серијата „Куќа од карти“ (House of Cards) и заменет во филмот „Сите пари на светот“ (All the Money in the World).

Граѓанската тужба против него во САД беше отфрлена во 2022 година, а една година подоцна беше суден во Лондон по обвиненија за сексуален напад врз четворица мажи. Тогаш беше ослободен од сите девет точки од обвинението.

ВИДЕО | Шокантен говор на Кевин Спејси во Кан: Фестивалот веднаш се огради – „Ниту му дадовме награда, ниту имаме врска со она што го кажа“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот