Фото: EPA/ALLISON DINNER

Леброн ја крена Филаделфија на нозе: билетите поскапеа четирикратно, градот очекува заработка од 400 милиони долари

Трансферот на Леброн Џејмс во Филаделфија не предизвика само спортска еуфорија, туку и вистински економски бум. Иако легендарниот кошаркар потпиша двегодишен договор вреден само осум милиони долари, неговото доаѓање веќе носи огромни финансиски придобивки за клубот и за целиот град.

Според првичните анализи на ревизорски компании, присуството на најдобриот стрелец во историјата на НБА би можело да генерира економски ефект меѓу 250 и 430 милиони долари. Најголем дел од приходите ќе дојдат преку туризмот, продажбата на билети, сувенирите и угостителството.


Интересот за натпреварите на Сиксерс веќе достигна рекордно ниво. Сезонските билети за новата сезона се целосно распродадени, а цените на поединечните влезници драматично пораснаа. Минатата сезона просечната цена на билет во арената „Иксфинити“ изнесуваше 68 долари, додека за првиот претсезонски натпревар против Бостон Селтикс, најевтиниот билет сега чини дури 283 долари.

Она што е уште поинтересно е што сè уште не е потврдено дали Леброн воопшто ќе настапи на тој натпревар.

Се очекува илјадници љубители на кошарката од цела Америка да ја посетат Филаделфија само за да го гледаат Леброн во живо, што дополнително ќе ја зголеми заработката на хотелите, рестораните и останатите локални бизниси.


Одлуката на Џејмс со нетрпение ја очекуваше и самата НБА. Комесарот Адам Силвер претходно изјави дека распоредот за новата сезона не може целосно да се финализира додека Леброн не ја објави својата следна дестинација.


Со неговото пристигнување, речиси сигурно е дека Филаделфија ќе ја отвори сезоната или ќе добие меч на Божиќ. Тие натпревари се традиционално најгледани во сезоната, а се очекува и билетите да достигнат рекордни цени.

Продажбата на дресови веќе ветува огромни бројки. Дресот со број 23 на Леброн Џејмс се очекува да биде најпродаваниот во НБА оваа сезона. Единствена сериозна конкуренција на Леброн би можел да му биде Јанис Адетокунбо кој направи трансфер во Мајами Хит, но малкумина веруваат дека некој може да го надмине комерцијалниот ефект што го има „Кралот“.

Никој во историјата на НБА не заработил повеќе од Леброн

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот