Почина таткото на поранешната тенисерка Јелена Докиќ кој ја тепаше низ кариерата
Дамир Докиќ, таткото на поранешната австралиска тенисерка Јелена Докиќ, починал на 16 мај, потврдија за српските медиуми неговите деца, Јелена и Саво.
Препорачано
Докиќ долго време беше надвор од јавниот живот, иако во минатото беше активен како тениски тренер, особено во периодот кога неговата ќерка бележеше големи успеси на светската сцена која во еден момент беше и четврта на ВТА листата.
Но, по завршувњето на тениската кариера, Јелена често зборуваше и за непријатните искуства со нејзиниот татко
.„Ми велеше: ‘Ако кажеш нешто, ќе те убијам’. До 33-та година не знаев да се насмеам. Луѓето често се стремат кон совршенство, особено во спортот, но тоа не е реалност. Сметав дека ранливоста е слабост, но сега знам дека тоа беше мојата сила,“ рече Докиќ во документарецот посветен на нејзиниот живот и кариера.
Дамир Докиќ беше во брак со Хрватката Лилјана, со која ја добија Јелена во 1983 година, а подоцна и синот Саво. Поради војната во Хрватска, семејството се пресели од Осиек во Сомбор во 1991 година, а потоа заминаа за Австралија, каде Јелена, која тогаш имала само 11 години, започна да го гради својот пат до врвот на светскиот тенис.


