фото: скриншот/Икс

ФОТО | Семеен масакр во САД: ги убил сопругата и шесте деца, го запалил домот и се самоубил

Маж од американската држава Мичиген ги убил својата сопруга и шесте деца, а потоа извршил самоубиство откако го запалил и семејниот дом во ужасен злостор што ги потресе Соединетите Американски Држави, објавија американските медиуми.

Безживотните тела на Кристофер и Аманда Каролкевич, како и на нивните шест деца, на возраст од пет до петнаесет години, беа пронајдени во нивниот семеен дом во општина Гранд Хејвен, потврдија локалните власти. Оваа семејна драма ја остави малата заедница во шок и неверица.

Капетанот на шерифот на округот Отава, Џејк Спаркс, се обрати до јавноста на прес-конференција, изложувајќи ги првите, мрачни детали од истрагата. Тој потврди дека сите жртви, вклучувајќи ги и децата, биле убиени со огнено оружје.

„Истрагата во овој момент укажува дека станува збор за убиство-самоубиство, при што пожарот е подметнат по убиствата“, рече Спаркс, додавајќи дека тимовите работат напорно за да ги спојат сите парчиња од оваа морничава сложувалка.

Според првичните извештаи од канцеларијата на шерифот, постојат јасни индикации дека пожарот бил намерно предизвикан на неколку различни места во куќата, откако злосторството веќе било извршено. Истражителите сè уште работат на утврдување на сите околности што претходеле на трагедијата.

Аманда Каролкевич била добро позната и почитувана во својата заедница. Работела како заменик-наставничка во локално основно училиште, а сите што ја познавале ја опишувале како исклучително грижлива и посветена личност, која неизмерно го сакала своето семејство, како и учениците со кои работела.

Нејзината мајка и очув, Беки и Стив Ловел, издадоа соопштение со скршено срце.

„Го ценевме секој момент што го имавме со неа и нејзините шест деца. Зборовите не можат да ја опишат нашата тага.“

Колку Аманда беше посветена на својата работа, доказ е соопштението од локалниот училишен округ во јануари, во кое беше пофалена нејзината посветеност. Беше наведено дека Аманда „секогаш одеше над она што се очекуваше од неа, особено кога учениците минуваа низ тежок период, покажувајќи емпатија, трпение и грижа.“

Медиумите се занимаваат и со историјата на брачната двојка. Аманда и Крис се запознале во 2008 година додека работеле во компанија за пијалоци и се заколнале на својата вечна љубов во август 2009 година. Го добија своето прво дете во 2011 година, а во текот на следните години, семејството се проширило – имаа уште два сина, потоа посвоија две девојчиња, а подоцна добија уште еден биолошки син, формирајќи големо и, навидум, среќно семејство. Мотивот зад овој монструозен чин засега останува непознат.

Скршени членови на семејството и пријатели се збогуваат со своите најблиски, барајќи одговори. Сестрата на Аманда, Моли Сесна, ја сподели својата болка:

„Сè е замаглено. Ве молиме продолжете да се молите за нас додека се обидуваме да разбереме што се случило. Нашите срца се целосно скршени. Зборот „трагедија“ не е доволен за да се опише ова.“

Трамп можеби е сенилен, а можеби само не му е гајле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот