Иран егзекутираше уште двајца поради нивната улога во јануарските протести
Иран егзекутираше двајца мажи кои беа осудени на смрт поради нивната улога во протестите во Исфахан за време на масовните немири што ја потресоа земјата во јануари, објави денеска новинската агенција „Мизан“, поврзана со иранското правосудство.
Препорачано
Аболфазл Сепахи Баџани и Амирхосеин Сафари Хосеинабади се меѓу 12-те мажи осудени на смрт под обвинение дека учествувале во убиството на припадници на безбедносните сили на плоштадот Алихани во Исфахан на 8 јануари. Уште двајца обвинети во истиот судски процес претходно биле егзекутирани.
Антивладините протести во јануари ја зафатија целата земја, а властите ги задушија во најголемата репресија во историјата на Исламската Република, при што безбедносните сили убија илјадници демонстранти.
Иранската телевизија објави видео со наслов: „Каде да се убие Меланија Трамп“
Експерти на Обединетите нации вчера соопштија дека во текот на 2026 година досега се егзекутирани најмалку 24 луѓе во врска со јануарските протести.
Иран е во војна со Соединетите Американски Држави од 28 февруари, кога САД и Израел почнаа воздушни напади врз земјата, иако борбите беа привремено запрени со договорот за примирје постигнат во јуни.
Вашингтон во саботата ненадејно ја прекина двонеделната кампања на обновени воздушни напади врз Иран, но американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека нападите ќе продолжат доколку преговорите не доведат до договор.
Техеран разговара со Саудиска Арабија и со Оман — Трамп тврди дека преговорите со Иран „одат добро“


