Германија очекува голем раст на БДП во овој квартал

И покрај силниот раст, веројатно ќе бидат потребни две години за да се надополни историскиот пад кој е забележан оваа пролет, се наведува во соопштението на „DIW“.

Економскиот институт „DIW“ од Берлин очекува закрепнување на германската економија во тековното тримесечје по падот предизвикан од пандемијата на новиот коронавирус.

Германската економија веројатно ќе забележи раст од три отсто во тековниот квартал во однос на претходниот, делумно закрепнувајќи од падот кој го предизвика Ковид-19, соопшти институтот во Берлин.

– Постојат знаци кои јасно укажуваат на закрепнување, но и покрај силниот раст, веројатно ќе бидат потребни две години за да се надополни историскиот пад кој е забележан оваа пролет, се наведува во соопштението на „DIW“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот